На 19.02.2021 година беше извршен инспекциски надзор во нашиот центар за селектирање и балирање на отпадна пластика во Гевгелија од страна на овластен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор за комунални работи, урбанизам, градежништво, патишта, сообраќај и заштита на животната средина во Општина Гевгелија.
Како што е наведено и во записникот “Во моментот на надзорот погонот за селектирање и балирање беше во функција и пластиката се селектираше и балираше. Во целиот тој процес нема создавање на непотребен отпад, прашина и миризба. Погонот беше беспрекорно чист.”
G&O Waste Solution се грижи за заштита на животната средина, а со тоа и за здравјето на населението. Само заедно можеме да направиме промени.